Критериумите според кои ќе се вработуваат 300 нови полицајци во МВР се контраверзни, обвинува Стојанче Анѓелов од Коалицијата Обединети за Македонија – Достоинство. Тој бара од МВР да кажат која е горната граница за возраста на идните апликанти на огласот, зошто се заоструваат мерките за физичката спремност на кандидатите и кој ќе го оценува есејот кој треба да го пишуваат идните полицајци. Повеќе во изјавата.
Според Ангелов, огласот за новите 300 полицајци е само уште едно замајување на јавноста, а патриските војници кои ќе бидат примени во МВР се однапред познати.