Неполни 24 часа по поплавите, Ѓорге Иванов заедно со неговиот син отидоа на дружба со кубанскиот џез трубач, Артуро Сандовал.
Сандовал веднаш на својот фејсбук профил ги објави заедничките фотографии со Ѓорге и Иван Иванови.
– Вистинска чест ми беше што го запознав Господинот Ѓорѓе Иванов и неговиот син денес, тој е еден од најфините луѓе кои што сум ги сретнал, напиша Сандовал на профилот.
Средбата на Иванов и Сандовал се случува во во време кога во Македонија се случува една од најкатастрофалните поплави, која однесе над 20 жртви.
Иванов истиот тој ден ги посети поплавените области и ги потсети граѓаните дека сега е момент за хуманост и донација.