Тенискиот олимписки турнир во Рио носи големи изненадувања. По елиминацијата на Новак Ѓоковиќ во 1. коло во поединечна конкуренција, ОИ завршија и за сестрите Вилијамс на турнирот во женска конкуренција во игра во двојки.
Серена и Венус Вилијамс се елиминирани во 1.коло од Луси Шарафова и Барбора Захлавова од Чешка и тоа во два сета со 6-3 и 6-4.
Со оваа елиминација Американките кои важеа за главни фаворитки за златото, го завршија својот настап во игра во двојки, па ќе останат на трите злата освоени на игрите во Сиднеј 2000, Пекинг 2004 и Лондон 2012.
Сестрите Вилијамс заедно имаат освоено 14 Гренд слем титули, а последната пред нешто повеќе од еден месец кога триумфираа на Вимблдон