Авион со 275 патници и членови на екипажот на компанијата „Флај Емирејтс“ се запали при принудно слетување на меѓународниот аеродром во Дабаи, јави ДПА.
Авионот „Боинг 777“, на летот ЕК521 од Тируванантапурам во Индија до Дубаи, требало да слета во 12:50 часот по локално време, а несреќата се случила во 12:45 часот.
Причините за избувнувањето на пожарот засега не се познати.
На снимките од несреќата, кои се поставени на социјалните мрежи, се гледа како од авионот се издига густ чад над аеродромот.
Сите патници се „безбедно евакуирани и никој не е повреден“, наведе на Твитер Канцеларијата за односи со медиумите на Владата во Дубаи.