Божидар Маљковиќ не е повеќе на кормилотот на Цедевита, откако денеска поднел оставка на функцијата, пренесува „sportnet.hr“.
Оставката на Маљковиќ преставува огромно изненадување, бидејќи доаѓа по победите над Олимпија и Жалгирис во Евролигата и Солнок во АБА лигата.
Периодот на оставката е многу лош за хрватскиот тим, во четврток Цедевита, во Евролигата ќе му гостува на Армани во Милано, а во недела во АБА лигата ќе игра против Партизан во Белград.
Дресот на Цедевита го носат Владо Илиевски и Маркиз Грин.