ТВ Шења: Пратеник на ДУИ фалсификувал потпис за двајца колеги

Од:

Пратеникот од редовите на ДУИ Муса Ибраими, за време на последната седница на Комисијата за финансирање и буџет одржана минатата недела, со потпис на списокот на пратеници потврдил присуство уште за двајца негови колеги кои не се појавиле на седницата, објави ТВ Шења.

Освен за него, пратеникот со различни пенкала на списокот на присутни пратеници ставил потпис и за неговите сопартијци Рамиз Мерко и Јамин Синани.

За сите пратеници кои живеат надвор од Скопје, Собранието ги плаќа патните трошоци за пратениците, но за да добијат пари тие треба да го потврдат присуството со потпишување дека се присутни на седница и фискални сметки од патарините.

За автомобили со бензински горива,следува надоместок од 18,3 денари по километар, или за возило со дизел гориво пратениците добиваат 14,7 денари по километар. Од ТВ Шења пресметале дека Ибраими за пат од Житоше до Скопје би добил 4.645 денари,а Јанин Синани (Гостивар) за да присуствува на седницата добива по 2.169 денари, а Мерко (Струга) по 5.056 денари.

По снимениот и објавен прилог, новинарот Мефаил Исмаили добил навредливи СМС пораки од пратеникот кој се потпишал за своите колеги од ДУИ.

За ова на прес-конференција реагираа од Здружението на новинарите на Македонија. Претседателот Насер Селмани вели дека новинарот бил понижуван и навредуван, иако со факти преку видео-снимка покажува како еден пратеник се потпишува за тројца, со што се прикажува злоупотреба на функцијата, а истовремено кажува и за нарушениот интегритет на Собранието.

Според Селмани, наместо Ибраими да се извини за ваквото однесување, тој се дрзнува да пишува пораки за новинари затоа што професионално се однесуваат и застануваат во заштита на јавниот интерес.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Истрагата за пожарот во Кочани станува пример за правна импровизација

А1он

Oбвинителството контра ДУИ: Ниту еден јавен обвинител не се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани

Горан Наумовски

ДУИ: Не смееме да дозволиме трагедијата во Кочани да се искористи за политичка пропаганда

Не помина иницијативата на „Европски фронт“ за одржување надзорна расправа за истрагата за трагедијата во Кочани

Тошковски обвинува за координиран опозициски напад кон него, СДСМ му порача дека има панични испади

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Јавноста бара одговорноста за ужасната трагедија во Кочани да се утврди точно и правично