Кошаркарите на Партизан победија на синоќешното гостување кај Унион Олимпија во Љубљана во последниот дуел од 9.коло на регионалната лига АБА. Српскиот претставник триумфирање со резултат 86:82 и се изедначи со водечката на табелата Игокеа.
Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром во овој круг загуби од лидерот Игокеа во Александровац со 79:55.
На другите средби од 9.коло во АБА лигата постигнати се следниве резултати: Сплит – Цибона 72:62, Раднички – Широки 73:59, Будуќност – Задар 76-60, Црвена Ѕвезда – Крка 79:61 и Цедевита – Шолнок 91:86.
Табела: Игокеа 7-2 (победи-порази), Партизан 7-2, Цедевита 6-3, Црвена Ѕвезда 5-4, Будуќност 5-4, Радничи 5-4, Унион Олимпија 4-5, Цибона 4-5, Сплит 4-5, Крка 4-5, МЗТ Скопје 4-5, Широки 3-6, Задар 3-6, Шолнок 2-7.