Хашкиот трибуинал денеска ги потврди пресудите за Миќо Станичиќ и Стојан Жупљани од 22 години затвор.
Апелацискиот суд ги потврди пресудите, со што истите се конечни.
Поранешниот министер за внатрешни работи на босанските Срби, Станишиќ и неговиот заменик Стојан Жупљанин во 2013 година беа осудени за злосторства против човештвото и воени злосторста извршени за време на војната во Босна и Херцеговина.
Тие се обвинети дека наредиле распоредување на силите за безбедност во населби или во заробенички логори во кои имало муслимани или босански Хрвати. Безбедносните сили под нивна команда вршеле егзекуции, силувања и тортура.