Најмалку 36 се погинати, над 147 се ранети во терористичкиот напад на аеродромот во Истанбул. Најмногу од жртвите се турски државјани, но има и странци, меѓу кои еден државјанин на Украина и еден Иранец. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг го осуди нападот и рече дека Алијансата застанува зад Турција во борбата против тероризмот во сите негови облици.
Аеродромот изутрина е повторно отворен за авионски летови, но поради повеќечасовниот прекина на сообраќајот има големи доцнења.
Турската полиција верува дека Исламска држава е одговорна за синоѓешниот самоубиствен бомбашки напад на меѓународниот аеродром во Истанбул.