ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува вчерашното палење, демолирање, кршење и вандализам на хулигани од СДСМ и СОРОС. Со тоа креираше хаос, се нарушува безбедноста и спокојството на граѓаните и повторно се предизвикува огромна материјална штета врз државните институции. Вчера СДСМ демонстрираше анархија и беззаконие преку платени маскирани хулигани со една единствена цел, да го предизвика гневот на македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија и да поттикне меѓусебно закрвување и конфликт. Ние знаеме дека тоа им е крајната цел, рече Илија Димовски, повторно обидвувајќи се да манипулира за партизираност на Шарената револуција.
„Вчера СДСМ доживеа дебакл и не успеа да ги наполни ниту половина од резервираните автобуси кај превозниците. Тоа се случи бидејќи голем број од членовите на СДСМ кои размислуваат разумно, рационално и кои чуствуваат патриотизам спрема оваа држава не сакаат да учествуваат во погубното сценарио на Зоран Заев. Вчера СДСМ го допре дното и покажа во каква политичка агонија се наоѓа. Народот јасно виде дека во партијата нема ниту една конструктивна идеја со која би се излегло на политички мегдан и дека сите капацитети на ова раководство на СДСМ се посветени на целосна деструкција, насилство и вандализам. Единствниот аболициран политичар за криминал тежок 8 милиони евра, Зоран Заев се подлабоко тоне и сака во жива кал со себе да го повлече СДСМ, нивното членство, целиот народ и целата државата.
Ова што вчера го демострираше СДСМ не е ниту борба за слобода, ниту борба за правда. Ова е борба на криминалното подземје со легитимните државни институциите. Оваа е борба на единствениот аболициран политичар Зоран Заев со државата. ВМРО-ДПМНЕ ги осудува сите навреди и закани искажани кон полициските службеници. ВМРО-ДПМНЕ им изразува целосна поддршка на полициските службеници и нивните семејства кои секојдневно се осудени да гледаат како хулигани под заштита на Зоран Заев и СОРОС ја загрозуваат безбедноста на нивните татковци, синови, браќа.
Граѓаните на Република Македонија знаат да го ценат тоа. ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува полициските службеници да продолжат да работат согласно Уставот и закононите на Република Македонија и да ја бранат државата и граѓаните од ваквите насилници. Насилството и вандализмот не смеат да поминат не казнето и секој што дивее и уништува треба за тоа соодветно да одговара“, рече Димовски.