ФРОДЕМ: Кој се од раководството на ВМРО-ДПМНЕ е поврзан со странските служби?

Од:

По повод неколкуте пишувања на македонскиот портал OHRID SKY за поврзаноста на раководните структури на ВМРО-ДПМНЕ со КОС И УДБА како и јавната објава на професорот Иван Бабановски , долгогодишен прв човек на СДБ за Македонија, на површина полека но сигурно излегува вистината и доказите за соработниците на службите инфилтрирани во редовите на ВМРО ДПМНЕ. Со ова конечно се отвара пандорината кутија на злото на соработниците на службите инфилтрирани во највисоките редови на ВМРО ДПМНЕ.

Со објавата на професорот, но и молкот од партијата и посочениот, падна маската на партискиот профитер Маноил Јаковлевски-Мане миленикот на Груевски и врхушката, а на ред се да се откријат и останатите кои сиве овие години се криеја и профитираа на сметка на ВМРО ДПМНЕ. Оваа јавна тајна не сакаше да ја види и слушне Комисијата за верификација на факти, а најмалку раководството на ВМРО-ДПМНЕ по чиј налог се заташкуваше целиот процес на лустрација.

Поради сериозната злоупотреба на позицијата кои ја сторија членовите и претседателот на оваа Комисија како и сите оние кои однадвор го диригирале целиот процес, потребно е надлежните нституции да поведат постапка за нивната кривична и материјална одговорност.

Крајно време е чесните членови на ВМРО ДПМНЕ како и граѓаните на Република Македонија конечно да ја дознаат вистината за ваквите и слични крвожедници и продадени души кои за лични но и туѓи идеи и интереси ја продале свпјата душа.

Во таа насока предлагаме ревизија на процесот на лустрација и сите оние кои одработувале за службите а истовремено и профитирале од ВМРО ДПМНЕ да им биде конфискуван целиот имот од моментот кога се регистрирани како членови на партијата и како соработници, се вели во соопштението испратено до медиумите од ФРОДЕМ – ФРОНТ ЗА ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА.

Би можело да ве интересира

Кузеска: СДСМ се менува и победува, ВМРО-ДПМНЕ останува заглавена во режимската матрица

Катерина Ѓуровски

ВМРО: Царовска да покаже разбирање за проблемите на матурантите

(ВИДЕО) Кузеска: Секоја партија, секој поединец има одговорност да се вклучи во пописот

(ВИДЕО) Мицкоски: ФРОДЕМ се приклучува кон ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска

ФРОДЕМ: ВМРО-ДПМНЕ не заслужува и понатаму да ја водат лабилни и неконзистенстни партиски раководни кадри

Ана Ололовска

Мицкоски од Пробиштип: СДСМ и Заев се минато завршено време и никогаш повторено, Македонија е разбудена

А1он