ФРОДЕМ: ВМРО-ДПМНЕ не заслужува и понатаму да ја водат лабилни и неконзистенстни партиски раководни кадри

Од:

„По три порази на чело на ВМРО-ДПМНЕ и плус еден пораз еден како генерален секретар на партијата заврши епизодната улога на Мицкоски и неговата партиска клиентела. ВМРО ДПМНЕ е партија на народот, а не приватна партија и затоа е потребно во најкраток можен рок узурпираната партија да се врати на членството. Затоа бараме од Мицкоски да престане да купува време, да престане и понатаму да одработува за туѓи криминални и анационални интереси, да престане да ја срами партијата и итно со целото партиско раководство да поднесе оставка. Неговата неславна епизодна улога заврши во раните утрински часови на 16 јули 2020 година. Оставка ден порано, ден подобро за ВМРО и Република Македонија.

Зарем беа потребни пет години и четири порази по ред некој да се сети (сега кога му е најгусто) дека се потребни промени на Статутот на партијата во насока на нејзина демократизација? ФРОДЕМ тоа го бараше уште во времето додека со партијата раководеше бегалецот од Будимпешта (уште пред 2015 година) кој водеше сулуда партиска и државна политика исчучиво за сопствен и фамилијарен интерес. Заради овие чесни барања членовите на ФРОДЕМ и поддржувачите беа етикетирани како кодоши, предавници, беа исклучувани и тоа од страна на докажаните криминално-кодошки структури на чело на партијата и од нивните наследници. Времето покажа кој е кодош, предавник, арамија, лажен патриот, пресметлив политичар, а која држи до себе и до своите чесни патриотски и национални цврсти заложби и ставови“, соопштуваат од ФРОДЕМ.

„Да не се соопшти цврст и јасен став на членството и на јавноста по ниту едно прашање, да не се поведе народот во клучните моменти е одлика на плашливци и луѓе кои свесно и намерно калкулираат со приоритетните интереси. Долгото молчење, манипулирањето со јавноста и членството, тајното кокетирање со претставници на меѓународната заедница и обидот да се заштитат криминалците во сопствените редови ја докусурија партијата и ја доведоа до четири порази едно по друго. На вмровците и на Македонците многу побитна им е државата отколку умислената желба лидерот брзо да дојде до удобна премиерска фотеља.

ФРОДЕМ безброј пати сиве овие години укажуваше и повикуваше на демократски промени и воспоставување на нови стратешки, програмски и кадровски постулати кои ќе го возобноват компромитираното, криминализирано и руинирано партиско ткиво. Во таа смисла Мицковски ја имаше поддршката од ФРОДЕМ за неслективно расчистување со криминалните партиски структури, кариеристи, прислужници, бандити, непринципиелни и дезидеологизирани персони желни за власт. Баравме да се стави крај и да им се каже довидување на сите оние кои живееа и профитираа од државата и партијата. Но, за жал сето ова беше игнорирано. Мицковски заради сопствениот комодитет молчеше и не гледаше бидејќи поважни му беа должничко-доверителски односи со тие структури. Патем ја „усреќи” партијата со кадри од времето на Бранко Црвенковски и кадри кои за вмровците вела дека се безмозочна маса.

Во оваа прилика мораме да го потсетиме наметнатиот лидер Мицкоски на неговите зборови: „Ако водам следете ме, ако се двоумам потурнете ме, ако ве предадам убијте ме”. Господине Мицкоски, благодарение на криминалците во редовите на партијата и патриотите на дневна основа кои те ,,насадија” на лидерската позиција ти не водеше. Заради партијата ние те следевме, а ти не предаде кога ни беше најтешко. Сакаме да ја потсетиме јавноста дека кога ти се двоумеше ние те туркавме, а кога не предаваше многумина молчеа и ти се умилкуваа. За разлика од нив, ние и тогаш и сега сме гласни и искрени. Ова е доблест, а не грев за една партија која го содржи префиксот демократска.

Во име на членовите на ФРОДЕМ по којзнае кој пат повторуваме дека ВМРО ДПМНЕ не заслужува и понатаму да ја водат лабилни и неконзистенстни партиски раководни кадри со еден куп кривични пријави зад себе и вмровци по професија и потреба. ВМРО-ДПМНЕ беше и мора да остане народна партија, а не дувло на обвинети и осомничени криминални структури, одродници, платеници и политичари на дневна основа. Партијата не може да се рециклира преку стариот поданички материјал и преку неконзистентните и набрзина донесени ставови. Потребна е реална и коренита промена!. Потребна е јасна визија за тоа каде оди Македонија и каква улога треба да има ВМРО-ДПМНЕ во иднина. Секој обид за игнорирање на овие по којзнае кој пат јавно кажани ставови ќе биде уште подлабоко навлегување во ,,чизмите” на поранешниот претседател на партијата.

Потребна е политичка одговорност за водењето на калкулантската, несериозна и додворувачка политика и јавно извинување за сторените злодела на поединци кои беа на највисоките раководни партиски и државни позиции. Не може најголема опозициона политичка партија во државава да биде водена од луѓе кои со едно око му намигнуваат на членството, а со друго на политичкиот конкурент и меѓународната заедница, а зад грбот на сите преку тајно договарање да се штитат криминални партиски структури. Само кристално прочистено и сплотено ВМРО-ДПМНЕ може да ги победи мрачните сили кои газат по достоинството на македонскиот народ и кои се обидуваат да создадат држава на северно-македонци со историја, традиција и култура од 1945 година“, се вели во соопштението на ФРОДЕМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе ги потврди листите за пратеници

Катерина Ѓуровски

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Николова: Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје

ВИДЕО: Време е за 90 пратеници и една изборна единца порача Мицкоски во промоцијата на изборната програма

Катерина Ѓуровски

Членство во ЕУ и продолжување на стратешкото партенство со САД – изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја презентира програмата за парламентарните избори 2024