Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ го постигна единствениот погодок на денешниот дуел од ЕУРО 2016 на кој Хрватска ја совлада Турција со 1:0.
Решавачкиот момент на мечот се случи на пет минути пред крајот на првото полувреме кога Модриќ со волеј удар од преку 25 метри го погоди противничкиот гол.
Вториот натпревар од 1.коло во Д-групата се игра утре од 15 часот, а во него се среќаваат бранителот на трофејот Шпанија и Чешка.
Денешната програма на Европското првенство во Франција нуди уште два натпревара:
Полска – Северна Ирска (почеток 18 часот) и Германија – Украина (21 часот)