Ренци: НАТО треба да размислува за нови безбедносни модели

Од:

На претстојниот Самит на НАТО во Варшава треба да се разгледаат нови концепти за безбедноста, поради заканата од домашен тероризам, изјави италијанскиот премиер Матео Ренци по средбата со генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

Ренци посочи дека терористичките закани не доаѓаат само од надвор, туку и од внатре и поради тоа неопходни се иновативни одбранбени мерки и НАТО не треба да се насочува само на источните граници со Русија.

– Алијансата е подготвена да и помогне на Либија да изгради свои одбранбени институции, ако Триполи го побара тоа, посочи Ренци.

Предвидено е либиски експерти да го посетат НАТО и да се договорар како Алијансата може заеднички да дејствува со новата влада на Либија. 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага

Поплави во Италија: Тројца млади исчезнаа во водата

Предраг Петровиќ

„Јас сум таа ку*ка Мелони, како сте“?

Предраг Петровиќ