Малезија: Двете откриени останки од авион најверојатно се од исчезнатиот лет „МН 370“

Од:

Двете останки од авион, пронајдени во Јужна Африка и на островот Родригез се речиси сигурно од авионот на летот „МН 370“, кој исчезна пред две години, соопшти Владата на Малезија, јави ДПА.

Тимот меѓународни експерти, кој ги доби останките, соопшти дека и двете одговараат на авион, како што е исчезнатиот Боинг 777.

Со оваа изјава досега се пронајдени пет останки од авион на „Малејжа ерлајнс“, кои се наоѓаат на ралични места во Индискиот Океан.

Во март беше потврдено дека двете останки отриени во Мозамбик речиси согурно се од авионот. Минатата година беше пронајден дел од крило на брегот на францускиот остров Рејунион.

Летот МН370 од Куала Лумпур до Пекинг исчезна во 2014 година со 239 патници и членови на екипажот. Се претпоставува дека тој паднал во Индискиот Океан, но досега не се пронајдени траги од него. Откриените останки се совпаѓаат со моделот, но се уште не е откриен основниот дел од авионот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Малезија: Најмалку 10 загинати по авионска несреќа на автопат

Во близина на Малезија се запали танкер, спасени се 25 членови на екипажот, тројца се водат за исчезнати

Горан Наумовски

Феро Инвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

Горан Наумовски