Групно планинарење и возење велосипеди до врвот на Водно, како и заедничко дружење на групата на врвот на планината, по повод Денот на планетата Земја организира в недела, 24 февруари, здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“.
Стартот, како што соопшти организаторот, е закажан за 9 часот пред основното училиште „Кочо Рацин“ во Скопје.
На настанот традиционално учествуваат планинари, велосипедисти, спортисти, рекреативци, а поканети се сите што сакаат да го поминат денот во здрава рекреација на Водно.
Настанот, како што информира организаторот, нема натпреварувачки карактер, додека трките во планинско трчање, планински и друмски велосипедизам се закажани на главниот натпреварувачки настан „Прв на врв“ на 22 мај, за кој пријавувањето е во тек.