Владата на Малта преживеа гласање на доверба

Од:

Парламентот на Малта синоќа ја отфрли иницијатива за изгласување недоверба на Владата, која беше предложена од опозицијата по откривањето на аферата „Панамски документи“.

По 13-часовната дебата во Парламентот, 38 пратеници гласаа против изразувањето недоверба, а 31 ја поддржаа иницијатива.

Опозицијата го достава предлогот за изгласување недоверба на Владата, откако премиерот Џозеф Мускат одби да ги смени министерот за енергетика Конрад Мица и шефот на неговиот кабинет Кијат Скембри, кои според податоците од „Панамските документи“ поседуваат офшор компании.

Би можело да ве интересира

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

Анѓушев: Благодарност до Малта за мандатот, не можам да бидам конзул со сенка врз моето име

А1он

Малтешкото МНР му ја прекина на Анѓушев функцијата почесен конзул на Малта

А1он

(ВИДЕО) Хаос на убаво туристичко место на Малта: Туна предизвика метеж на плажа, луѓето мислеа дека е ајкула

Драма во Медитеранот: Вода навлегува на брод кој е без капетан и со 400 луѓе

Млад Македонец загина на Малта

Горан Наумовски