Коза „дојде на кафе“ во „Старбакс“

Од:

Козата Мили стана ѕвезда на Фејсбук, откако прошета по трговскиот центар  во калифорнискиот град Ронерт Парк и „отиде на кафе“ во локалниот Старбакс.

Како што јавија американските медиуми, откако Мили влегла во „Старбакс“, вработените се обидела да ја залажат со банана, но таа очигледно имала други планови и им се навртела на картонските кутии, кои со страст почнала да ги јаде.

Полицискиот командир Рик Батес од Ронерт Парк добил неколку дојави дека коза шета во молот, што се наоѓа во источниот дел на градот, по што интревенирала патрола на полицијата, која ја „привела“ козата во засолниште за животни.

Вестата за козата „љубутелка на кафе“ набрзо стигнале и до нејзиниот сопственик Ален Ергенбриг, кој набрзо ја земал 11-годишната Мили од прифатлиштето.

– Кога слушнавме што направила, помислевме дека малку полудела, изјави Ергенбриг. – Таа е многу среќна и симпатична коза, но исто така е и многу љубопитна, додаде тој.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он