Во Парламентот на Малезија денеска е објавен првиот извештај на Анкетната комисија, која треба да ги доиспита обвинувањата дека малезискиот премиер Наџиб Разак за лична корист злоупотребил 687 милиони долари од државниот Фонд за развој на Малезија.
Бидејки новиот државен обвинител на Малезија донесе одлука за запирање на истрагаа околу потеклото на големата сума пари на сметата на малезискиот премиер, неговото име не се споменува во извештајот, но се наведува дека загубата од над 10 милијарди долари што Фондот ја забележал за четири одини постоење, е резултат на масовно перење пари и „несоодветно однесување“ при распределба на неговите средства.
Малезискиот премиер Наџиб Разак, на чии сметки има 687 милиони долари, со смени во Владата и на државниот обвинител успеа формално да ги запре обвиненијата и истрагата против него.
Тој, меѓутоа, се уште е мета на обвинувањата на опозицијата, која бара негова оставка. На чело на противниците на Разак е неговиот политички патрон, поранешниот долгогодишен премиер на Малезија Махатир Мохамад.
За нелегални трансакци на десетица милијарди долари од малезискиот Фонд за развој истраги се водат и од страна на финансиските власти во САД, Сингапур, Швајцарија и Луксембург.
Според пишувањето на угледниот „Азијан Волстрит Џурнал“, кој лани прв со документи ја откри аферата за милионите долари на Наџиб Разак, финансиските кругови на државите во кои се води истрагата имаат доволно факти за докажување на нечесни трансакции. Дали тие ќе бидат објавени, засега е неизвесно.
Основна причина за сегашното неизлегување со податоци во јавноста е стравот дека докажувањето на учество на банки од САД, Сингапур, Швајцарија и Луксембрг во перењето пари може значително да ја урне довербата во финансиските индтитуции во кои е концентриран најголемиот дел од светскиот капитал.