Ковач: Агресивната големосрпска политика беше главен двигател на војните во поранешна Југославија

Од:

Не може да има помирување меѓу народите и државите, без да се осврнеме на минатото и на одговорноста за војните на територијата на поранешна Југославија, изјави денеска хрватскиот министер за надворешни работи Миро Ковач.

– Агресијата на големосрпската политика беше главен двигател на војните во Словенија, Србија, Хрватска, БиХ и Косово. Треба да се исправиме пред тоа и да донесеме соодветни заклучоци, истакна Ковач.

Хрватскиот министер, како што јави Хина, нагласи дека осврнувањето на минатото треба да се заснова врз морални вредности, за што не помага ослободителната пресуда на лидерот на српските радикали Воислав Шешељ, која повторно ја нарече „шокантна и потценувачка“, како и „деструктивна за процесот на помирување меѓу луѓето и соседните држави“.

Ковач додаде и дека тој лично сака Хрватска да изгради партнерски и пријателски односи со Србија според моделот на односите меѓу Франција и Германија, а БиХ, според него, може да одигра улога во регионот, како онаа што ја има Белгија во Западна Европа.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик

(ВИДЕО) Хрватска еуфорично го пречека Бејби Лазања: Ние сме деца кои се направија сами