Дерби натпреварот од 3. коло во Првата кошаркарска лига на Македонија се одигра вечерва во Кавадарци и му припадна на Фени Индустри кој го совлада Работнички со 85:80 (по четвртини 21:21, 18:17, 16:22 и 30:20 ).
Најефикасен играч во победничкиот тим, воедно и на натпреварот беше Дарко Соколов со 17 поени, Бојан Трајковски постигна 15, а Владимир Брчков 14 поени.
Кај Работнички тројца кошаркари постигнаа по 15 поени, Џон Харпер, Немања Јелесиевиќ и Марјан Ѓуров.
Многу понеизвесен беше дуелот во Гевгелија, каде Струмица по продолжението го победи Кожув со 79:77, откако регуларниот дел заврши нерешено 64:64.
Во скопски Сарај, на третиот денешен натпревар од кошаркарскиот шампионат на Македонија, Лирија го совлада Куманово со 78:64.
Колото ќе биде комплетирано утре со средбата Вардар – Пелистер.
На табелата водат Струмица и Фени Индустри со максимални три победи.