Хашкиот трибунал прогласи дека лидерот на Српската радикална партија Воислав Шешељ не е виновен за злосторства против човештвото.
Судот го ослободи Шешељ по сите 14 точки од обвинението.
Доказите покажуваат дека соработката со Слободан Милошевиќ била околу тоа да се бранат Србите или да се зачува Југославија, а не да се извршуваат злосторства. Обвинителството не успеа да докаже постоење на здужено злосторничко движење, а исто се отфрла и одговорноста на шешељ за прогонства на население. Советот едногласно утврди дека Шешељ не е одговорен за извршување на присилно преместување како злосторство против човештвото.
Изрекувањето на пресудата ја чита претседателот на Претресниот совет, судијата Жан Клод Антоанети, кој потсети дека Хашкото Обвинителство тврди дека Шешељ учествувал во здружен злосторнички потфат со Слободан Милошевиќ, со воени и паравоени сили.
– Главната улога на Воислав Шешељ била ширење омраза и регрутирање доброволци кои се испраќани на терен, па интегрирани во српските сили кои дејствувале во БиХ и Хрватска, наведе судијата и потсети дека по сите точки Шешељ се изјасни дека не е виновен и оти се бранел сам, без бранител.
Советот оцени дека плановите за Голема Србија биле политички, а не злосторнички мотивирани. Советот вели дека не е расветлен поширокиот контекст на „голема Србија“, бидејќи толкувцањето на обвинителите ја замаглува хронологијата на настаните или ја искривува.
Советот смета дека Обвинителството не понудило доволно докази да се утврди дека извршувањето на следните казнени дела – убиство на несрепско население на ридот кај Сараево, мачењето кај Герина клаоница и злосторства во Вуковар. Советот утврди дека немало разорување кое не е оправдано со воена нужда.
Обвинителството не успеа да докаже без никаков сомнеж дека постоел системски напад на цивилното население во Хрватска и БиХ во наведените подрачја, во периодот на кој се однесува обвинението. Докаизте кои се поднесени и разгледувани утврдуваат дека постоел оружен судар меѓу две непријателски страни. Советот смета дека Обвинителството на судиите не им покажало на јасен начин дека сивилите кои не учествувале во судирот, дека биле цел на масовни напади. Не може да се отфрли аргументот на одбраната дека цивилите бегале од местото на судирот во градовите и селата каде мнозинското население било од иста етничка група, а втобусите понудени за таа цел не биле присила, туку биле понудени на хуманитарна основа.
Паравоените групи Аркановите „Тигри“, „Бели орли“, одредот Душан Силни, Црвени баретки, посебна единица на српскиот оддел за безбедност, Жолти стршлени, одредот на Василие Видовиќ, Српската гарда и другите паравоени групи, беа истражувани од страна на Советот за нивната поврзаност со Шешељ. – нема доволно докази дека постои поврзаност со тие групи преку директна хиерархија. Судијата наведе дека Шешељ се дистанцирал од Жолтите стршлени по ибиствата во Зворник.
Процесот против Шешељ траеше 175 ефективни судски денови. Обвинителството изведе 89 сведоци. Судскиот совет повика 10 сведоци, додека Шешељ одби да повика свои сведоци.
„Спиев како бебе, бидејќи совеста ми е целосно чиста. Свеж сум како роса, што ќе се види и денеска на конференцијата“, напиша утрово Шешељ на Твитер.
Пресудата на Шешељ се изрекува во отсуство на обвинетиот, кој во Белград ја чека пресудата.
Обвинителството во завршниот збор побара Шешељ да биде осуден на 28 години затаор, додека Шешељ побара ослободителна пресуда.
Лидерот на радикалите во притвор во Хашкиот трибунал мина речиси 12 години, односно од февруари 2003 година кога се предаде и доброволно замина во Хаг, до ноември 2014 година, кога беше пуштен да се брани од слобода поради нарушена здравствена состојба.
Според трите точки од обвинението, Шешељ се товари за злосторства против човештвото – прогон на несрпско население на политичка, расна и верска основа, депортација и присилно преместување.
Во шест точки е обвинет за кршење на законот и обичаите на војување – убиства, мачење, сурово постапување, безобризно разорување села или пустошења кои не биле оправдани со воена потреба, уништување на верски објекти и грабеж на јавен или приватен имот.