Опозицијата во Малезија најави серија тужби против премиерот Наџиб Разак

Од:

Поранешниот државен обвинител на Малезија Абдул Гани Патаил денеска во австралиски медиуми најави дека ја комплетира и наскоро ќе ја поднесе тужбата против актуелниот малезиски премиер Наџиб Разак. Патаил беше сменет лани во јуни, непосредно пред седницата на малезиската влада на која тој требаше да го поднесе прелиминарниот извештај за евентуалната вина на премиеротм поврзана со откриените 687 милиони долари на приватната сметка на Разак.

Граѓанска парница против премиерот Наџиб Разак најави и неговиот доскорашен ментор, поранешниот премиер Махатир Мохамад, кој го предводи опозиционото движење кое бара оставка и одговорност на сегашниот премиер.

Формално, со одлуката на новиот државен обвинител на Малезиа истрагата против Разак за потеклото на милионите долари на неговата сметка минатиот месец е ставена ад акта. За текот на трансакциите со кои парите стасале на сметката на малезискиот премиер истраги се водат во САД и Сингапур.

Аферата прв ја откри влијателниот Азијан Вол Стрит Џорнал, кој лани објави документи кои укажуваат дека 687 милиони долари на сметката на Наџиб Разак потекнуваат од државниот Фонд за инвестиции. Овој фонд, на чие чело е премиерот Разак е осниван во 2.012 година, а во 2.015 година и лани покажа загуба од над 9 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Малезија: Најмалку 10 загинати по авионска несреќа на автопат

Во близина на Малезија се запали танкер, спасени се 25 членови на екипажот, тројца се водат за исчезнати

Горан Наумовски

Феро Инвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

Горан Наумовски