Укинати дневните рестрикции на вода во Кавадарци

Од:

Се укинуваат дневните рестрикции на водата за пиење во Кавадарци, соопшти денеска раководителот на работната единица за водовод и канализација при кавадаречкото јавно претпријатие „Комуналец” Марјан Прескакулев.

– Се намалува времетраењето и на ноќните рестрикции и тоа за два часа. Ако досега во текот на ноќта вода немаше 5 часа и тоа од полноќ со 5 часот изутрина, сега прекинот во водоснабдувањето е од 2 до 5. Сево ова се должи на фактот што веќе нема пеколни горештини но приврши и варењето на ракија во домашни услови а и во едниот и во другиот случај се трошеше енормно количество на вода за пиење, појасни Прескакулев.

Сега, рече Прескакулев, вода може да нема во чешмите само кога има дефекти во градот или при поставување на нов таканаречен скадар систем (далечинско читање и управување на системот) при што се менуваат вентили на главните цевководи.

Би можело да ве интересира

Кавадарци одбележува осум децении постоење на Градската библиотека „Феткин“, најстарата културна институција во градот

А1он

Храбра акција: Кавадаречки пожарникари спасија куче од Луда Мара

Горан Наумовски

Поради итен дефект, утре делови од Скопје ќе се без вода

Илија Панов е осуден на 16 години затвор за убиство на партнерката Сузана

Газда на фирма од кавадаречко преку хакиран е-мајл измамен за 80.000 денари

А1он

Во Кавадарци полицијата уапси пијан млад возач, МВР против него најави пријава