На натпреварот одигран во Москва попладенво, со кој стартуваше 5-тата рунда на Евролигата, Барселона предводена од Хуан Карлос Наваро и неговите 21 поен, како и двоцифрениот поентерски учинок на Лорбек 15 и Хуартас 12 поени, сосема заслужено славеа победа во дуелот со ЦСКА, на која и го нанесоа првиот пораз so 81:60.
За „Каталонците“ ова беше петата победа сезоната во исто толку одиграни средби. Без пораз досега се и екипите на Макаби и Жагирис, кои своите средби од ова коло ќе ги играат вечерва односно утре.