Глобалното затоплување може да предизвика смрт на 500 илјади лица до 2050

Од:

Глобалното  затоплување може да предизвика смрт на дополнително над 500 илјади лица до 2050 година, покажува истражувањето на експерти од Оксфордскиот универзитет, објавено во научното списание „Лансет“.

Првпат група научници истражуваа какво ќе биде влијанието на климатските промени врз исхраната на луѓето и како тоа ќе ја зголеми смртноста.

Доколку не бидат преземени мерки за да се намали емисијата на гасови, кои го предизвикуваат ефектот стаклена градина, климатските промени можат да ја намалат до 2050 година за 3,2 отсто количината на достапна храна, за четири отсто потрошувачката на зеленчук и овошје и за 0,7 отсто конзумацијата на црвено месо во споредба со 2010 година.

Тие промени во системот на исхрана можат да бидат причина за смртта на 529 илјади лица до 2050 година.

Најпогодените од овој феномен ќе бидат земјите со ниски и средни приходи, претежно во западниот Тихоокеански регион и во југоисточниот дел на Азија.

– Доколку не бидат преземени мерки, до 2050 година поради промената на климата, во тие региони ќе починат дополнително, 264 илјади, односно 164 илјади лица, се вели во истражувањето.

Експертите велат дека намалената конзумација на зеленчук и овошје може да доведе до два пати повеќе смртни случаи во споредба со неухранетоста.

Ефектот од намалена употреба на овошје и зеленчук поради климатските промени ќе се почувствува и во Европа и во источниот дел на Медитеранот. Во Европа, Грција и Италија ќе бидат најпогодени со 124, односно 89 смртни случаи на еден милион лица.

Би можело да ве интересира

Европскиот парламент бара сите земји да придонесат во финансирањето на климатските акции

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

(ВИДЕО) Климите од Арсовска ги нема: Граѓаните на плус 40 се возат со отворени врати

A1on

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска