Свиња која изгледа како слон родена е во западниот дел на Камбоџа, во местото Прамаои. Има розова кожа, сурла и големи уши како слон. Животното е слабо, има проблеми со должината на нозете, не може да ги отвора очите и има сериозна физичка деформација. Не е познато што предизвикало ваква бизарна мутација.
Слична свиња се роди и во Кина во 2014 година, која преживеала само два часа, затоа што немала уста. И таа свиња изгледаше како слон, а сопственикот одлучил да ја замрзне откако почина за да докаже дека животното било вистинско. Свињата е родена со седум други кои биле целосно здрави.