Кај терористите уапсени во Мароко, кои планирале серија терористички напади во земјата е пронајдено биолошко оружје, изјави денеска директорот на Централното биро за судски истраги на земјата, Абделхак Хијам во интервју за списанието „Мароко Ебдо“.
Според него од уапсените терористи било одземено големо количество оружје, вклучувајќи и биолошко.
Меѓу уапсените имало и државјани на Франција.
– Прв пат уапсивме малолетно момче, кое требало да предизвика експлозија во Парламентот, рече Хијам.
Тој нагласи дека мароканските служби за безбедност продолжуваат да вложуваат напори за спречување на секоја закана, која може да им нанесе штета на интересите на државата и на секој криминален план, кој има за цел дестабилзирање на ситуацијата.
Мароканското Министерство за внатрешни работи на 18 февруари соопшти дека специјалните служби уапсиле десет членови на терористичка група, кои планирале опасни терористички напади во земјата.