Малезија се премисли за дозволата да прими 1,5 милион работници од Бангладеш

Од:

Само два дена по потпишувањето на меѓудржавен договор, според кој во следните три години Малезија ќе прими 1,5 милион работници од Бангладеш, властите во Куала Лумпур се премислија.

Содржината на меѓудржавната спогодба со Бангладеш вчера прво ја прогласи за недоволно точно сопштена министерот за човечки ресурси Ричард Риот Неколку часа по него заменикот премиер  Ахмет Хамиди дополни дека Малезија прво ќе им нуди работа на своите сограѓани, а после, ако треба, на странци.

Во Малезија на крајот на 2.015 имало 15,3 милиони вработени, меѓу кои и 2,1 милион странски работници со легални документи. Без дкументи во оваа држава, според министерството за финансии, работат најмалку 1,7 милиони лица. Странските работници лани од Малезија во државите од кои доаѓаат испратиле 10,5 милијарди долари.

Има оценки дека премислувањето на властите во Малезија дошло под притисок на бизнис крилото во владекаачката партија УМНО. Со договорот со владата на Бангладеш било договорено дека на странските работници им се гарантира минимална плата од 466 долари месечно. Тоа се три до пет пати повеќе пари од колку што сега странските работници на црно добиваат во градежништвото и комуналниот сектор, каде што се најприсутни.

Денеска уследи уште едно официјално соопштение во кое се вели дека властите целосно ќе ја преиспитаат политиката за отварање на пазарот на трудот и дека работодавачите ќе бидат стимулирани да ангажираат локални работници. Ова во реалноста ќе биде тешко остварливо, затоа што таканареченото „ Бумипутра’’ ( домородно )  население одбива да ги работи тешките, нечистите и опасните работни задачи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Малезија: Најмалку 10 загинати по авионска несреќа на автопат

Во близина на Малезија се запали танкер, спасени се 25 членови на екипажот, тројца се водат за исчезнати

Горан Наумовски

Феро Инвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

Горан Наумовски