Државите од Азиско-пацифичкиот регион, чие население од 80-те години на минатиот век страда од смртоносниот тип на маларијата Денга, сметаат дека нивните досегашни искуства во истражување на антивируси против болестите што ги пренесуваат комарци, ќе помогнат светот да се справи со новата закана по здравјето што ја предизвикува вирусот зика.
Иако од маларијата од типот Денга во регионот умираат над десет илјади жители, на ова подрачје, во делови на Австралија, Сингапур, Малезија и Камбоџа, вакцините и делумната стерилизација на комарците придонесува последиците од болеста да не се смроносни како во времето кога се појави новата зараза.
Здравствените власти од Сингапур денеска соопштија дека се создадени мерки за претпазливост со кои ќе се спречи ширење на вирусот зика. Сингапурските искуства во превенција ќе се применуваат и во Камбоџа, а слични и специфични превентивни чекори се преземаат и во Индонезија, Малезија и Тајланд.
Здравствените власти од регионот по објавувањето на алармот од страна на СЗО соопштија дека на сите лабаратории во светот што ќе работат за изнаоѓање на медикаменти за спречување и лекување на опасноста од зика вирусот ќе им овозможат без ограничувања да ги користат нивните досегашни резултати во борбата со комарците што пренесуваат зараза.