На Меѓународниот конкурс за карикатура во Крива Паланка пристигнале 180 дела

Од:

На Меѓународниот конкурс за карикатура на тема „Мажот како колатерална штета во односот снаа – свекрва” во Крива Паланка годинава пристигнале 180 дела, информираше Стојанче Величковски, организатор на конкурсот.

– И оваа година имаме одличен одѕив од еминентни карикатуристи од сите меридијани. Добивме 180 дела од 74 автори од 26 држави, со што се докажува дека овој конкурс прераснува во реномиран и интересен настан, со универзална и секогаш интригантна и инспиративна тема, односот снаа – свекрва, рече Величковски.

Пристигнатите творби ќе ги оценува жири составено од познати карикатуристи од Македонија и Бугарија. Најдобрите три карикатури ќе добијат награди: прва награда „Трофеј Невестулка” и паричен износ од 250 евра, втора награда – диплома и 200 евра и трета награда – диплома и 150 евра. Жирито ќе додели и специјална награда за најдобра колекција.

– Годинава жирирањето ќе го вршат дами, докажани карикатуристи од Македонија и Бугарија, а покрај делата ќе ги оценуваат градоначалникот на Крива Паланка, директорот на Градски Музеј – Крива Паланка и јас како автор на конкурсот, а покрај најдборите карикатури кои ќе бидат наградени ќе избереме сто дела кои ќе бидат претставени на изложба во Скопје, додаде Величковски.

Конкурсот е придружна манифестација на „Невестинско поклонение на свети Теодор-Тирон“ во кривопаланечкото село Конопница. Поради својата уникатност конкурсот лани беше дел од Годишната програма на Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Во галеријата „Остен“ 53-та светска галерија на карикатури

Ана Ололовска

Изложбата на карикатури на тема Ковид-19 во Делчево

А1он

Карикатуристот Крстевски на меѓународна изложба во Берлин

А1он

Објавен конкурсот за карикатура на Фестивалот за хумор и сатира „Ин Виница веритас“

А1он

Битолскиот карикатурист Блаже Докуле награден во Сеул

Ана Ололовска

Објавен конкурсот за 21. Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам

Ана Ололовска