Во Данска денеска е потврдено дека еден маж, кој престојувал во Мексико и Бразил, е позитивен на вирусот Зика.
Лекарот Ларс Естегард од Униврзитетската болница во Архус, втор по големина град во Данска, изјави дека станува збор за млад маж, кој им се јавил на лекар, бидејќи имал температура, главоболки и болки во мускулите.
Естергард изјави дека не гледа опасност болеста да се прошири во Данска.
– Неговата состојба е добра, закрепнува и наскоро ќе биде пуштен од болница, изјави Естергард.
Светската здравствена организација претходно предупреди дека опасниот вирус Зика би можел да се прошири во голем број земји и оти најверојатно ќе дојде до ширење на вирусот во сите држави на Јужна и Северна Америка, освен во Канада и Чиле.
За овој вирус, кој го пренесуваат комарците, не постои лек.