Во Мароко беа уапсени 11 членови на терористичката група, која подготвувала напади за време на новогодишните празници, јави ТАСС.
Тие дејствувале во неколку градови во земјата – Фес, Сефра, Мулај Јакуба, Таунат и Мисура. Апсењата биле извршени од полицијата при истовремени операции во сите населени места, каде што се наоѓале терористите.
Овој месец во Мароко беа ликвидирани неколку групи, кои дејствувале во големи градови како Фес и Казабланка.