Објавен сатиречен оглас за работното место „хрватски премиер“

Од:

Во услови кога хрватските политички партии не можат да се договорат кој да биде претседател на Владата, специјализираниот портал Работа.хр (Posao.hr) објави сатиричен оглас за раборното место „премиер на Република Хрватска“, во кој се наведени условите кои мора да ги исполнува кандидатит, како и поволностите што ги добива.

Така, во огласот стои дека кандидатот за ова работно место мора да има завршено најмалку средно образование, да знае англиски јазик, како и да не е член на политичка партија.

Листата на услови, секако е значително покуса од онаа на поволностите, меѓу кои се наведени и користење на службен авион, лични телохранители кои се на располагање 24/7, пристап до податоците на тајните служби, чести службени патувања во странство, можност за напредување до позицијата шеф на државата…

Покрај овие „основи поволности“, како „обврски“ на оној што ќе го добие работното место хравтски премиер се посочени смислување на предизборни ветувања, фотографирање со граѓани, одбрана на територијата на Хрватска од Словенија, воведување на забрана за работење во четврток (со цел да се олесни поврзувањето на празниците), вработување на пријатели, познаници и роднини во јавната администрација, како и „други обврски утврдени со Уставот и законите“.

Единствен „недостаток“ на ова работно место е што тоа е на определно време.

За оние „кандидати за премиер“ од странство, кои можеби не знаат каде е и која е Хрватска, во огласот има и линк до Википедија, каде можат да се запознаат со „фирмата“ со која би раководеле.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик

(ВИДЕО) Хрватска еуфорично го пречека Бејби Лазања: Ние сме деца кои се направија сами