Денот започнал како и секој друг – Марико Хауген отишла на пливање во Мауи, на Хаваите, како што вообичаено прави.
Но, тој ден се било поинакво. Откако се оддалечила од брегот, пред нејзе се појавила три и пол метри долга тигреста ајкула.
Наместо да се онесвести од страв, оваа храбра жена направила нешто што на ретко кој му успева. Ладнокрвно задала удар во правецот на главата на ајкулата.
„Моето познавање од теквондо ми го спаси животот“, изјави за ABC, Марико, носител на црн појас во овој боречки спорт.