Француското претседателство на конфернецијата на ОН за климата денеска го претстави пред 195 земји учеснички финалниот нацрт на договорот за борба против климатските промени.
Министерот за надворешни работи на Франција Лоран Фабиус изјави дека проектот за договорот е амбициозен, балансиран и законски обврзувачки.
– Стигнавме речиси до крајот на патот и веројатно до почетокот на друг пат, изјави Фабиус на пленарната сесија.
Според Фабиус проектот предвидува ограничување на глобалното затоплување доста под два степени и ќе се обиде да го ограничи до 1,5 степени.
– Текстот предвидува и преглед на секои пет години на националните планови за ограничување на затоплувањето, а определен е и таван од 100 милијарди долари финансирање за земјите во развој до 2020 година, истакна Лоран Фабиус.