ВИДЕО: Интернетот мора да остане слободен, во Македонија се уште се кршат основните човекови права

Од:

Заради сето она што се случува во Македонија, но и во светот и во Франција со терористичките напади, сите општествени чинители, но и самите граѓани треба постојано да наоѓаат начини на воспоставување рамнотежа помеѓу слободата на изразување и приватноста и сигурноста беше речено на денешната конференција „Слобода и приватност на интернет“, единаесеттата, по ред меѓународна конференција „Е-општество“, која се спроведува во рамките на проектот „Децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија“, а во соработка со Фондацијата за интернeт и општество „Метаморфозис“ и со Меѓународниот институт за човекови права и мир од Каен, Франција.

– Мора да овозможиме интернетот да остане слободен и да овозможиме граѓаните на Р. Македонија да можат слободно да се изразат, да ги користат новите технологии, не само да се информираат, туку да учествуваат во креирањето на јавните политики и во јавната сфера.

За жал не само во Македонија туку и во светот владите донесуваат закони кои го дерегулираат овој баланс на слобода на изразување и сигурност. Во име на сигурноста и на безбедноста, многу често се загрозува, слободата на изразување и слободата на интернетот. Ние во Метаморфозис сметаме дека чувањето на тој баланс и на слободата не е работа само на државните институции или корисниците на интернет, туку на сите чинители кои треба да ја чуваат слободата на интернет., а граѓаните да се чувствуваат безбедно при користењето на интернетот. Важно е интернетот да биде квалитетен извор на информации, да биде ослободен од говор на омраза за да можат граѓаните да имаат приватност, но и квалитетно да се информираат и со тоа да можат да носат одлуки во нивен интерес, рече Бардил Јашари, извршен директор на Метаморфозис.

Себастијан Ботро-Бонтер, експерт за човекови права, аташе за соработка во амбасадата на Франција, рече дека само образовани граѓани можат слободно да размислуваат.

– Прашањето на добро владеење беше поставено од ЕУ во 2006, покрај транспарентни мерки како слободни избори, но повторно се прашуваме како да ги информираме граѓаните. Извештајот на ЕУ за напредокот на Македонија се вели дека македонскиот правен апарат е добар, тој е во согласност со европските стандарди. Навистина кога го гледам македонскиот устав, гледам многу повеќе работи отколку што има во францускиот устав, но она што недостасува е примената, како што е и во Франција и насекаде, рече Ботро-Бонтер.

Постои огромна дискрепанца за начинот како граѓаните на РМ ги остваруваат своите права и слободи, беше речено на конференцијата.

– Жал ми е што министерот, денеска не спомна дека владата може да се пофали со навистина импресивна опрема за следење на комуникациите, рече Уранија Пировска, извршен директор на Хелсиншки комитет за човекови права на РМ

Според податоците на Хелсиншки, граѓаните во Македонија се уште не знаат што значи слобода на изразување и до каде таа треба да се практикува. Од каде почнува говорот на омраза, најголемиот број од овие случаи се регистрирани токму на социјалните медиуми.

– Во Македонија се кршат фундаменталните човекови права, значи ние се уште се занимаваме со првата генерација на човекови права. Слободата на изразување , масовното прислушување, повредата на приватноста, дискриминацијата, третманот на бегалците и мигрантите, употребата на прекумерна сила на полицијата на 5 мај – сето ова е предмет на загриженост на комитетот, рече Пировска.

На конференцијата, во четири сесии, беа опфатени човековите права како основа на современото општество, приватноста, слободата на изразување, најдобрите практики во едукацијата за човекови права, алатките за подобрување на безбедноста и на приватноста на интернет, новинарските стандарди и човековите права и борбата против говорот на омраза.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Прва дебата меѓу Трамп и Бајден: Забранети ќе бидат напишани белешки, на масата ќе има само хартија, пенкало и вода

A1on

Графити со говор на омраза врз градскиот симбол на крајот во Гостивар

А1он

Ден на слободата на медумите – македонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

А1он

Негативни коментари по дебатата на МРТ: „Ова не е дебата, туку квиз“

Јакимовски е против уставни измени со цел внесување на Бугарите во Уставот

Изречена казна затвор од една година за говор на омраза врз основа на сексуална ориентација