САД и Русија бараат пресекување на финансирањето на џихадистите од ИД

Од:

Русија и САД работат во Советот за безбедност на ОН на нови резолуции за спречување на финансирањето на џихадистичката група Исламска држава, наведуваат дипломати.

Американската амбасадорка во ОН Саманта Пауер изјави дека Вашингтон сака да ги консолидира и рационализира напорите на Советот за прашањето за финансирање на ИД. САД претседаваат со СБ на ОН во декември и се надеваат на успшех во средината на месецот.

– Во крајот на минатата недела Вашингтон доби руска нацрт-резолуција во таа насока и ја анализира, изјави Пауер.

– Русија и САД имаат заедничка цел, нагласи Пауер без да прецизира дали двете страни може да се договорат за заеднички текст.

Според оценка на експерти на ОН од пред една година продажбата на нафта и носи на ИД меѓу 850.000 и 1,65 милиони долари дневно.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски