Женката бел носорог Нола од зоолошката градина во Сан Диего доби инфекција и покрај неколкудневниот надзор од ветеринар нејзината здравствена состојба нагло се влоши, поради што беше решено таа да биде успиена.
Нола, која беше тешка 1.800 килограми, беше единствен бел носорог што живееше на северната земјина хемисфера.
Со нејизното угинување, на светот преостанаа уште само три бели носорози, кои живеат во националниот парк Ол Пеџета во Кенија.
– Нола беше легендарно животно, не само во паркот во Сан Диего паркот, туку и во целиот свет, соопшти Зоолошката градина од овој американски град.
Нола сакала да ја чешкаат по грбот и била позната по многу благата пририда, што ја направило омилен жител во зоолошката градината, каде престојувала од својата втора година.
Нејзиниот вид е прогласен за исчезнат во дивината во 2008 година. Белите носорози беа пополарен улов на ловокрадците, кои ги убиваа поради нивните роговите.