Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија по повод 31-ви октомври, Светскиот ден на штедење, го организира првиот Банкекспо.
На настанот ќе бидат доделени и плакети за постигнати особени резултати во работењето со населението годинава на 30тина претставниви од банките и штедилниците. Покрај тоа, ќе се одржи и дебата на тема „Криза – 2012 – предизвици – решенија“, на која ќе присуствуваат претставници на банките, осигурителните компании, коморите, компаниите, монетарната и фискалната власт и науката.
По повод Светскиот ден на штедењето, гувернерот на НБРМ Димитар Богов денеска ќе го најави почетокот на проектот „Финансиска едукација“. Ќе бидат промовирани и новите образовни содржини и материјали на Народната банка.
Исто така, ќе се наградат учесниците на конкурсот „И јас умеам да штедам“ за најдобра ликовна и литературна творба меѓу основците од цела држава.