Вкупно 269 слонови денеска беа собрани на едно место на северот на Тајланд, каде на „шведска маса“ им беа понудени 67 тони кикирики, лубеници, банани, пченка, краставици и други деликатеси.
Настанот е организиран близу до градот Сурин, на 430 километри од Бангкок, а намерата на локалните власти е да го подобрат својот статус во Гинисовата книга на рекорди.
Градот Сурин веќе е сопственик на Гинисов рекорд на оваа тема. Светскиот рекорд бил постигнат во 2003 година, кога истата бројка од 269 слонови се гоштевале со 50 тони храна.
Рекордот денеска е подобрен со поголемото количество храна, а во 17-те дополнителни тони не е пресметана и храната што со себе ја донеле и неколкуте стотини ТВ сниматели, фоторепортери и аматери што ја го документирале настанот.
Гинисовата комисија за рекорди до понеделник ќе соопшти дали новиот рекорд и официјално ќе се признае и запише.