Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

Од:

Најмалку 23 лица загинаа денеска во Тајланд кога се случи експлозија во фабрика за огномет, соопштија локалните власти.

Инцидентот се случил во провинцијата Суфан Бури, околу 120 километри северно од Бангкок, пренесува АП.

Засега не се пронајдени преживеани, а причината за експлозијата се уште се истражува.

Канцеларијата на тајландскиот премиер објави видео клип на кој се гледа како командантот на регионалната полиција по телефон му кажува дека во фабриката во моментот на експлозијата имало од 20 до 30 работници.

Во ноември 2022 година, во истата фабрика се случи силна експлозија, во која еден работник загина, а тројца беа тешко повредени.

Би можело да ве интересира

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка

Три лица загинаа, а 12 се повредени на патот Прешево-Бујановац

(ВИДЕО) Најмалку тројца загинаа во несреќен случај во Фиренца

Горан Наумовски

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Во БиХ: Загинаа двајца фудбалери во сообраќајна несреќа

Неколку градежници загинаа во Хамбург