(ВИДЕО) Најмалку тројца загинаа во несреќен случај во Фиренца

Од:

Во несреќа што се случи во супермаркет во изградба во Фиренца, загинаа тројца работници, а три лица се водат за исчезнати. Уште три лица се извлечени живи од под урнатините и веднаш се пренесени во болница.

Немилиот настан се случил денеска околу 9 часот, а според првите информации до трагедијата дошло кога бетонската греда која го потпирала подот се урнала и паднала врз работниците.

Во моментот на несреќата работниците работеле на монтажа на монтажни објекти.

На местото на настанот пристигнале неколку противпожарни единици, како и екипи на полицијата и брзата помош.

Жителите падот на бетонската греда го опишаа како „бомба“.

Би можело да ве интересира

Во верижна сообраќајка во Италија, едно лице загина, 17 се повредени

Горан Наумовски

Земјотрес во Кампанија, потресот предизвика паника во Неапол

Италијански полицајци бркале Романци низ цела Словенија

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Италија бара од Гугл една милијарда евра неплатени даноци

Извлечени уште 14 тела по бродоломот на мигрантскиот брод кај Калабрија