Три лица загинаа, а 12 се повредени на патот Прешево-Бујановац

Од:

Три лица загинаа, а 12 се повредени, меѓу кои и возач осомничен за криумчарење илегални мигранти, во сообраќајна несреќа на патот Прешево-Бујановац.

Несреќата се случила синоќа кога осомничениот Р.Р.(1981) од село Црнотинце со намера да прибави поволност – неовластено превезувал 14 илегални мигранти од африканско-азиските земји и поради непрописна брзина излетал од патот по што возило се превртело, соопштија од Вишото јавно обвинителство Врање.

На повредените им е укажана лекарска помош во одредени здравствени установи. Во клиничкиот центар Ниш се пренесени четири повредени, од кои едно 15-годишно дете со политраума, 18-годишно лице со повреди на градниот кош, 37-годишно лице со политраума е примено на интензивна нега, а повредена е и 47-годишна жена која има контузија на градниот кош и е во стабилна состојба.

Како што соопштија од ВЈТ во Врање, увид на местото на несреќата извршил дежурен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Врање, Одделение Бујановац.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Двајца мажи, бебе и девојче загинаа во сообраќајка во Грција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трагедија во Турција: Загина четиричлено семејство

„Голф“ излета од автопатот Тетово-Скопје, четворица завршија во болница

Шестмина повредени во сообраќајка на патот Гостивар-Кичево

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина маж од Скопје

Девет државјани на Украина се повредени во сообраќајна несреќа во Полска