Лидерите на Г-20 ги осудија нападите во Париз и се ангажираа за борба против тероризмот

Од:

Лидерите на Г-20 ги осудуваат како „неприфатливи за човештвото“ терористичките напади во Париз и во Анкара, јави ДПА. На крајот на дводневната средба беа усвони завршно коминике и декларација за борба против тероризмот.

И покрај тоа што средбата на врвот на Г-20 традиционално е економски форум, оваа година таа беше јасно насочена и кон повеќе други проблеми, најмногу тероризмот, миграцијата и климатските промени.

– Ги осудуваме најостро терористичките напади во Париз на 13 ноември и во Анкара на 10 октомври. Тие се неприфатливи за целото човештво. Изразуваме најдлабоко сочувство за жртвите и нивните семејства, наведуваат лидерите на Г-20.

– Остануваме единствени во борбата против тероризмот, изјавија тие, истакнувајќи дека тероризмот не треба да биде поврзуван со ниту една религија, националност, цивилизација или етничка група“.

Лидерите ја потврдуваат солидарноста и одлучноста да се борат со тероризмот во сите негови форми, вклучувајќи преку мерки за економски санкции.

Лидерите на држави и влади се ангажираа да ги пресечат каналите за финансирање терористички групи и дејности преку размена на информации за сомнителни трансфери и замрзнување сметки на терористи.

– Терористичките мрежи треба да бидат удрени по џебовите, изјави претседателот на ЕУ Доналд Туск.

Лидерите на Г-20 ја оценија бегалската криза како „глобална грижа со големи хуманитарни, политички, социјални и економски последици“ и ги повикаа сите земји да го распределат бројот на прифаќање бегалци, обезбедување хуманитарна помош и услуги како образование и пристап до пазарот на труд.

Во однос на економијата се одбележува дека „светскиот економски раст останува нерамномерен и продолжува да е под очекувањата“. 

Според Г-20, зголемената нееднаквост во многу земји може да претставува ризик за социјалното единство и благосостојба на граѓаните. Тие се ангажираат да создадат повеќе и поквалитетни работни места и до 2025 да го намалат за 15 отсто делот на младите, кои се најсилно засегнати од трајно отпаѓање од пазарот на труд.

Во врска со борбата против климатските промени се потврдува целта за зголемување на светските температури да биде ограничено до под два степени Целзиусови, како и одлучноста на конференцијата за климата, што ќе се одржи идниот месец во Париз да биде постигнат обврзувачки договор. Се посочуваат и плановите до 2020 година на земјите во развој да им бидат доставени 100 милиони евра за намалување на последиците од климатските промени.

Би можело да ве интересира

Русија влезе во трите земји со најниско ниво на јавен долг по глава на жител

Ердоган до лидерите на Г20: Исполнете ги барањата на Русија

Предраг Петровиќ

Групата Г20 и даде на Африканската унија ист статус како и на Европската унија

Блинкен: Не планирам да се сретнам со руски и кинески министри на самитот на Г-20

Ана Ололовска

Индија и Кина прават притисок на Г20 во соопштението за Украина да го нема зборот војна

Земјите од Г20 усвоија конечна декларација во која се критикува војната во Украина