Русија загрижена поради мигрантската криза на Балканот и во ЕУ

Од:

Русија е загрижена поради мигрантската криза во Европската унија и на Балканот, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, апелирајќи до ЕУ да ги елиминира иницијалните причини за кризата.

Според Москва, мигрантската криза е последица на неодговорното надворешно мешање во прашањата на Блискиот Исток и Северна Африка.

– Се надеваме дека координативните мерки за спречување на неконтролираниот прилив на луѓе и борбата против организираните криминални групи кои се се занимаваат со илегална трговија и транспорт на луѓе во ЕУ ќе доведат до ефикасна миграциска политика, истакна Захарова.

Таа додаде дека Русија верува оти европските држави стриктно ќе се придржуваат до важечките меѓународни обврски кои се однесуваат на правата на мигрантите и бегалците и ќе продолжат да бараат практични мерки за решавање на нивните проблеми и ќе го регулираат миграцискиот прилив.

– Важно е да се избегнат изливите на нетолеранција, ксенофобија и социјални тензии во ЕУ, наведе Захарова.

Таа посочи и дека мигрантската криза може да се реши исклучиво со решавање на кризата во Сирија и во Либија, пред се со економска помош и развој на тие земји.

Би можело да ве интересира

Пронајдени тела на четворица мигранти, спасени 52 лица во близина на брегот на Тунис

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани