Танчарите на студио „Брејк а Лег“ освоија сребро, бронза и финале на Светското првенство во ХипХоп и Брејкденс во Италија, во конкуренција на 3.300 танчари од 30 земји, што е најуспешниот настап воопшто за Македонија на светските првенства во модерни танци.
Светското првенство во ХипХоп и Брејкденс се одржа од 20 до 25 октомври годинава во Римини, во Италија. Натпреварувањето е организирано од страна на Светската и Италијанската танцова федерација (ИДО) и (ФИДС).
Учеството на „Брејк а Лег“ во Италија го поддржа и Министерството за култура на Република Македонија. Студиото се претстави во категориите деца, јуниори и сениори и сениори 2. Тие ги постигнаа следните резултати: сребрен медал за Благоја Тодоровски, во категорија на соло мажи, бронзен медал за Ангела Нешовска, во категорија соло жени (Европски Унирвезитетски игри). Финалисти во категорија Хип Хоп формација деца, 5-то место во категорија брејк денс и 8. место во јуниорска категорија.