Малезија со нова парламентарна комисија за испитување на потеклото на 700 милиони долари на премиерот Наџиб Разак

Од:

Малезискиот Парламент денеска донесе одлука да го смени составот на комисијата која треба да го испита потеклото на околу 700 милиони долари, откриени на приватната сметка на премиерот Наџиб Разак. Составот на комисијата се менува затоа што минатата недела пет од нејзините 11 членови добија министерски, или заменчки места во новиот состав на кабинетот на премиерот Разак.

Аферата за откривањето на големите пари на приватната сметка на Наџиб Разак ја откри и во јули документирано ја објави угледниот Азијан Вол Стите Џорнал Според весникот, парите по разни канали биле дистрибурани од државниот Фонд за развој на Малезија. Премиерот Разак дементираше дека тоа се малезиски пари и дека доларите ги добивал како донација од пријателски власти на држава од Средниот Исток.

Државниот Фонд за развој на Малезија е основан пред три години, на иницијатива на премиерот Разак. Овој Фонд минатата година имал загуба од над 9 милијарди долари.

Опозицијата во Малезија успеа на дневен ред на сегашната сесија на Парламентот да се стави и прашањето за доверба на премиерот Разак. Меѓутоа, таа точка би била последна и за неа би се расправало на крајот на декември.

Опозицијата нема доволно пратеници кои би му изгласале недоверба на премиерот, а според досегашниот развој на настаните Наџиб Разак успешно ги контролира и барем јавно ги држи на своја страна парламентарците од владејачката коалиција.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Малезија: Најмалку 10 загинати по авионска несреќа на автопат

Во близина на Малезија се запали танкер, спасени се 25 членови на екипажот, тројца се водат за исчезнати

Горан Наумовски

Феро Инвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

Горан Наумовски