Штајнмаер: Договорот со Иран вовед во решавање на конфликтите на Блискиот исток

Од:

Нуклеарниот договор  на Иран со светските сили е „вовед во понатамошни дипломатски потфати“ за решавањето на конфликтите на Блискиот исток, изјави денеска во Техеран министерот за надворешни работи на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер.

– На овој регион му е потребно повеќе дипломатија, не помалку, изјави Штајнмаер укажувајќи на конфликтите во Сирија, Јемен и Ирак. Наведувајќи дека постојат „многу прашања во врска со намерите на Иран во регионот и многу сомнежи“, Штајнмаер нагласи дека Техеран дури иако ги смета за „нечесни и неосновани…не треба да ги игнорира туку да ги решава конструктивно“.

На заедничка прес конференција,  шефот на иранската дипломатија рече дека верува оти „реализмот е зголемен на Запад во поглед на сириската криза и дека постојат решенија за кои сите може да се сложат“.

Зариф истакна дека странското ангажирање во Сирија треба да биде насочено на решавање на кризата, а не на наметнување свои гледишта врз сирискиот народ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Ќерката на убиена Иранка ја прослави смртта на Раиси со алкохол и босанска песна

Израел тврди дека не е вмешан во смртта на Раиси

(ВИДЕО) Објавена снимка: спасувачите ги носат телата по несреќата на Раиси

Што ќе се случува по смртта на Раиси

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Загина иранскиот претседател, нема преживени во хеликоптерот на Раиси

Катерина Ѓуровски

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија