(ВИДЕО) Бејли: Потребен е независен судски процес за прислушуваните материјали

Од:

Претстои уште многу важна работа да се заврши, а малку време за да се постигне тоа, изјави денеска американскиот амбасадор Џес Бејли за обврските кои треба да се спроведат согласно роковите од договорот од Пржино.

– Јанева веќе даде изјава и кажа дека ќе започне да ја врши нејзината важна работа и ќе продолжи да се залага за обезбедување на потребниот персонал и ресурси коишто и се потребни. Ќе напоменам дека 108 пратеници на Парламентот, четирите политички партии и Советот на обвинители ја избраа едногласно поради нејзиниот професионализам и правичност и мислам дека тие би сакале да и ги дадат средствата коишто таа смета дека и се неопходни за да ја спроведе нејзината важна работа, рече Бејли.

Според него, многу е важно да се спроведе веродостоен независен судски процес за прашањата кои произлегоа од прислушуваните материјали.

– Ова е многу важно за да и помогне на Македонија за да излезе од ситуацијата во која се наоѓа во моментов. Се надевам дека останатите процеси ќе продолжат. Претстои уште многу важна работа да се заврши, а не многу време за да се постигне тоа, рече амбасадорот Бејли.

Би можело да ве интересира

Кисела Вода забрани семејните куќи во Пржино и Црниче да станат згради

А1он

Ѓорѓиевски се сомнева дека пожарот во Пржино бил подметнат

А1он

Голем пожар во Пржино, гори поранешно училиште

Кристијан Ландов

Катица Јанева против Боки 13, денеска во Кривичен

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Драма во Пржино: Се излизга патот, локалните жители стравуваат за домовите

Наум Локоски

Пожар во подрумски простории каде што се складира медицински материјал во Пржино

Наум Локоски